„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
23.08.2022
Претседателот на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметали, Андреа Серафимовски за Bloomberg Adria говореше за цените на становите, моменталните состојби на пазарот на недвижности и влијанието на евентуалното зголемување на каматните стапки на станбените кредити врз побарувачката на граѓаните.
Со оглед на тоа што цените на градежните материјали почнаа да се стабилизираат, очекуваме и стабилизација на цената на становите. Секако стабилизацијата нема да биде на онаа цена на која сме навикнати туку цената ќе биде одраз на она што компаниите реално трошат, дополнително и тоа колку е голема побарувачката. Така што очекуваме некоја стабилизација, но на цена повисока за 20 до 25 проценти од таа пред почетокот на кризата“ - истакна Серафимовски.