„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Од здруженијата

САЕМ ЗА МЕБЕЛ 2023 ПОД МОТОТО „РАЗБУДИ ЈА ЕСТЕТИКАТА ВО СЕБЕ“

31.03.2023

На истата локација, ВИП Арената „Борис Трајковски“, од 29 март до 2 април годинава се одржува 45. издание на Саемот за мебел 2023 година под работното мото „Разбуди ја естетиката во себе“. Оваа саемска манифестација се одржува по пауза од неколку години поради пандемијата на вирусот КОВИД 19 и по неколкуте години виртуелен Саем за мебел, при што од сопствените домови се купуваа различни парчиња мебел и додатоци.

Саемот го користи целокупниот внатрешен затворен капацитет, како и монтажни објекти кои се приспособени за саемско претставување.
Како и други години така и оваа понудата вклучува гарнитури, кревети, трпезариски и клуб-маси, столови и фотелји во различни бои и материјали. Гарнитурите се изработени од материјал кој ја спојува најновата технологија со потребите на современиот стил на живеење; трпезариските маси се изработени од порцелански плотни во комбинација од стакло со дрво или, пак, од цврсто масивно дрво, а, пак, душеците за спиење се произведени од највалитетни материјали.
Целокупната понуда е од реномирани домашни производители: „Акрон“, „Ников мебел“, „Алмеро“, „Дрво пром“, „Пункт“, „Прима мебел“ и други интернационални брендови со специјални саемски понуди и попусти.
Партнер на годинешното издание на Саемот за мебел е „Комерцијална банка“ АД Скопје, која на посетителите на Саемот им нуди атрактивни кредитни производи за купување на посакуваните парчиња мебел. Посетителите имаат ексклузивна можност на специјалниот штанд на „Комерцијална банка“ АД Скопје да се информираат и да аплицираат за разновидни кредитни производи.