„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
15.01.2024
Нека ни е среќна новата 2024-та година, која решивме да ја посветиме на лансирање на нови алатки во корист на нашите компании. Претпоставуваме дека и оваа година ќе биде една од низата кризни, но овој пат збогатена и со двојни избори за претседател и за парламент на државата. Ние во СКСМ сме сите на број, што значи никој не не напуштил, а доаѓаат многу други субјекти. Тоа ќе трае се додека ние сме авангарда во коморскиот систем и се додека нудиме нови можности. Затоа и вреди да се учествува во тие процеси и секој од нас да се вгради во Комората на иднината.
6. Посебна благодарност сакам да му изразиме на Сафет Ѓерѓалиу, поранешен претседател на Стопанската комора на Косово кој самоиницијативно без наше знаење дојде во Македонија и даде неколку интервјуа за медиумите на албански јазик во која зборуваше за реномето на нашата институција кога бевме неосновано нападнати. |
Традицијата на заедничко одбележување на родендените продолжи со сопственикот на ИГМ Трејд, Илија Гечев а неизбежен декор беше и нашиот коморски знак на славеничката торта. | |
Во последното тромесечие од 2023 година имав многу јавни настапи со што интересот за работата на Комората порасна со огромен исчекор нанапред. Трендот ќе продолжи и оваа година. | |
Овој месец премиерската позиција ќе ја напушти согласно пржинскиот договор и досегашниот премиер Димитар Ковачевски во чиј мандат имавме интензивни комуникации и контакти, но, и многу различни гледишта околу актуелните економски случувања. Можеби за прв пат се создаде атмосфера да може секој да го искаже своето мислење до крај, што е чекор напред во градењето на односите меѓу јавниот и приватниот сектор. | |
Убаво е чувството кога со дел од коморскиот кадар, сега веќе пензионери (Белинда Миновска), со насмевка и ведрина може да се споделат моменти по долги години поминати заедничка соработка. | |
На крајот на минатата година, тешки дискусии се водеа и со министерот за економија Крешник Бектеши, но и во тоа имало моменти на опуштено однесување, заедно со директорите на Еуротабак и ЛИОН од Свети Николе. |