„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

„ВИТАМИНКА“ – ПРВА МАКЕДОНСКА КОМПАНИЈА КОЈА СЕ ДИГИТАЛИЗИРА СО MICROSOFT – DYNAMICS 365 FINANCE AND OPERATION

19.06.2024

„Витаминка“ го предводи патот на дигиталната трансформација, станувајќи првата компанија која ги интегрира сите свои процеси, од производство и набавка до продажба и финансии, преку напредното ERP решение Microsoft Dynamics 365 Finance and Operation. Оваа дигитализација овозможува целосна синхронизација и автоматизација на работењето, обезбедувајќи значајни придобивки како подобрување на оперативната ефикасност, модернизација на производните процеси и подобрено корисничко искуство, што ја става „Витаминка“ на челно место во следењето на иновативните светски трендови

 „Витаминка“ е првата компанија кај нас која во сите процеси, производство, набавка, магацини, продажба и финансии, го имплементира ЕРП решението од Microsoft – Dynamics 365 Finance and Operation. Со ова „Витаминка“ е на пат кон целосна дигитализација на работата, од влез на суровина до излез на готов производ и нивно складирање.

ERP или Enterprise Resource Planning (Управување со ресурсите на компанијата) е софтвер кој им овозможува на компаниите да го интегрираат управувањето на сите свои активности и ресурси преку единствен софтверски систем. Во светот, повеќето мали, средни и големи компании користат ERP за да управуваат со различните аспекти на нивните бизниси.
Се работи за софтверска архитектура чија цел е да го насочува текот на информациите помеѓу сите бизнис функции во границите на организацијата, но и да управува со поврзувањата со надворешните интересенти и побарувачи. Опфатот на функции може да се одвива во производството, продажбата, набавката, планирањето, финансиите, човечките ресурси, итн.

Инвестицијата во најновите технологии е значаен чекор напред и придонесува за подобрување на оперативната ефикасност, модернизација на операциите, унапредување на производниот процес, подобро корисничко искуство и можности за раст и следење на иновативните светски трендови.

На овој начин, со модернизација и следење на новите технолошки решенија, менаџментот на компанијата ги имплементира најдобрите практики и ја унапредува работата во еден синхронизиран и ефикасен систем, докажан и користен од големи интернационални компании во светот. „Витаминка“ располага со 9 производствени погони, 18 производни линии лоцирани на 3 физички одделени локации низ земјата, а тоа бара сеопфатно софтверско решение што ќе доведе до унифицирање на процесите и обезбедување на податоци и анализа на истите, кои се неопходни за понатамошни одлуки и правци во работењето на компанијата.

 

Имплементацијата на овој ЕРП систем „Витаминка“ ја спроведе со партнер компанијата на Microsoft, Axapta Masters. Ваквата трансформација на компанијата ќе ѝ обезбеди не само економска предност и финансиска стабилност на долгорочен план, туку ќе овозможи и понатамошна платформа за развој во процесот на автоматизација и следење на иновативните светски решенија во нашата област. Функционирањето на компанијата  значително ќе се подобри, а тоа за возврат ќе ја зголеми профитабилноста. Откако внатрешните процеси ќе бидат забрзани, автоматски ќе се случи забрзување и на функционирањето кон надвор. Ова е причината зошто домашните компании треба да се определат за воведување на ERP - за да се добијат саканите резултати во краток временски период. Колку побрзо овој систем ќе биде воведен, толку побрзо ќе се постигнат резултати.