„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Од асоцијациите

АПМ И УНДП КРЕИРАА ЗАЕДНИЧКА ПЛАТФОРМА ЗА ПОГОЛЕМА ПРОМОЦИЈА И КОРИСТЕЊЕ НА МЕДИЈАЦИЈАТА

20.06.2024

Асоцијацијата за поддршка на медијацијата (АПМ) при Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ) и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) заеднички креираа Платформа за промоција и афирмација на медијацијата како алтернативен начин зa решавање на споровите.

Регионалниот рамномерен развој е предуслов за создавање на поголем економски раст на државата. Па оттука и вклучувањето на УНДП, односно заедништвото на АПМ и УНДП во делот на поголема промоција на медијацијата ќе биде насочено пред се на локално ниво. Односно, платформата има задача да покаже дека преку користењето на медијацијата од страна на локалните заедници  може да се постигне  олеснување при решавање на одредени спорови помеѓу сите засегнати страни. Преку оваа платформа ќе се пренесат едноставните информации кои сите претставници од локалната самоуправа на територијата на нашата земја е потребно да ги имаат со цел понатака што повеќе да се промовира и користи медијацијата кај правните и физичките лица.

За таа цел, ги повикуваме сите заинтересирано општини, да го пријават својот интерес за учество во заедничата платформа, најдоцна до 15 јули 2024 година кај Катерина Тасевска, проектен асистент, на  е-маил [email protected]или на телефон 078/642-246.

АПМ И УНДП, почнувајќи од месец септември 2024 година, во секоја од пријавените општини ќе организираат настани на кои експерти на полето на медијацијата ќе ги информираат градоначалниците, претставниците од правен и финансиски сектор на општините кои се заинтересирани за учество во овие активности, менаџерите на компании, раководителите на сектори - правен, финансиски, човекови ресурси и сите заинтересирани правни и физички лица, кои имаат интерес за запознавање и учество во медијацијата. На овие информативни средби поканети ќе бидат и фирмите и физичките лица кои можат да бидат учесници во една постапка за медијација.

Со нашите заеднички акривности целта ни е да го постигнеме следното:

·       Решавање на споровите пoмеѓу стопанските партнери и локалната заедница,

·       Одржување на добри деловни партнерски односи,

·       Остварување на зголемена предвидливост на настаните во иднина,

·       Рационализација на трошоците во однос на надминување на постојните спорови,

·       Избегнување на долги судски постапки, растеретување на правосудниот систем,

·       Најголема цел е подигнување на капацитетот на општините, регионален рамномерен развој, ослободување на ликвидни средства, примена на ЕУ препораките, создавање поголем економски раст,

·       Постапката на медијација има сила на извршна исправа доколку постигнатата Спогодба во во самиот процес се солемизира на нотар.

Повеќе информации во врска со оваа заедничка платформа за соработка можете да добиете кај д-р Јелисавета Георгиева Јовевска, претседател на Асоцијацијата за поддршка на медијацијата при Стопанската комора на Северна Македонија, моб.070/234-273 и e-mail:[email protected].

Асоцијацијата за поддршка на медијацијата при СКСМ се формираше во 2016-та година година со основна цел да обезбеди поголема промоција и достапност на медијацијата. Во асоцијацијата, во согласност со Законот за медијација (Сл.весник на РСМ бр.294/2021), доброволно учествуваат и членуваат лиценцирани медијатори, експерти од областа на медијацијата, компании, институции и други заинтересирани страни, кои даваат поддршка за популаризација на медијацијата. Активностите на АПМ се насочени спрема користење на медијацијата со цел растоварување на долгите и скапи судски постапки и помагање на судството, како и изнаоѓање прифатливи решенија за компаниите и продолжување на нивната идна деловна соработка. АПМ од формирањето до сега сама или со поддршка на домашни и меѓународни институции за целиот изминат период има направено над 50 бесплатни настани за промоција на медијацијата, со учество од над 2.500 заинтересирани страни.

УНДП - Програма за развој на Обединетите нации, имаисклучително влијание во развојот на македонското општество кој во изминатите години настапува со јасни проекти во спроведување на Агенадата 2030. УНДП демонстрира подготвеност и максимална поддршка во процесот на приближување на РСМ кон ЕУ, ја поддржува Владата во изградба на инклузивно општество, со можноста секој поединец да има пристап до услуги и право на учество во донесувањето на одлуки што влијаат на нивните животи. Поддршката на УНДП вклучува развивање на човечки и институционални капацитети особено изразени во локалните заедници, обезбедување знаење, изнаоѓање решенија, градење партнерства и мобилизирање средства за развој. УНДП во континуитет има проекти за развој на општините, при што регионалниот рамномерен развој е предуслов за создавање на поголем економски раст на државата.

 

*Правото за организирање на оваа Платформа во наведениот обем и вид ги имаат АПМ и УНДП. Сите заинтересирани страни за поддршка или вклучување во истата потребно е да се обратат до одговорните за спроведување на оваа активност.