„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Проекти за конкурентност на компаниите

ОТВОРЕНИ ПОВИЦИ ЗА АНГАЖМАН НА КОНСУЛТАНТИ - ПРОЕКТНА АКТИВНОСТ: “ПОДДРШКА НА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ЗА РЕГИОНАЛНА ИНТЕГРАЦИЈА”

04.11.2024

 Стопанската комора на Северна Македонија во рамките на проектот за Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција/ Private Sector Regional Integration Support Activity поддржан од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) објавува 2 повици за ангажман на консултанти.

Целта на повиците е зголемување на конкурентноста на македонските компаниии и поддршка во процесот на развивање на нивните извозни капацитети преку изработка на Водичи наменети за постоечки извозно ориентирани компании, но и компании кои сакаат да започнат извозни активности.
 

1.     ВОДИЧ: „КАКО ДА СТАНЕТЕ ИЗВОЗНИК – ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ИЗВОЗ!“ (HOW TO BECOME EXPORTER – GET READY FOR EXPORT)

  

2.    ВОДИЧ: „ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ ЗА ИЗВОЗНИ КОМПАНИИ!“ (ACCESS TO FINANCE FOR EXPORT COMPANIES)

 

Крајниот рок за поднесување на апликациите е 20.11.2024 година.

Заинтересираните компании треба да аплицираат со пополнување на Изјавата прикачена во повикот.

Повеќе информации за проектот можете да прочитате тука