„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Од регионални комори

Одржана презентација во Кичево-информирани стопанствениците за бизнис можностите и ИПАРД програмата

08.11.2024

Во Кичево се одржа инфо ден со цел унапредување на економскиот и општествен развој на регионот и презентација за компаниите на темата „Подготовка на претпријатијата за добивање на финансиска поддршка од националните програми, кредитирање и грантови од фондови“ организирана од Регионалната комора со седиште во Кичево, при Стопанската комора на Северна Македонија.

          Учествуваа компании од повеќе дејности како трговија и услуги, производство, градежништво, угостителство и сметководствени дејности кои се информираа за тековните повици и можности, како и справување со актуелните предизвици од аспект на подготовка за учество на програми за финансиска поддршка, имплементација на стандарди и енергетска ефикасност и информација за законската регулатива.

          Потпретседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево, Алија Зубеароски ги поздрави присутните и истакна  дека  овој настан доаѓа од потребата за постојано унапредување на компаниите, инвестиции и финансии, и постојана континуирана соработка на локално и национално ниво со цел поголем развој на кичевскиот регион.

          На настанот презентираше М-р Клаудија Лутовска - ИПАРД консултант,   потоа М-р Александра Личоска - специјалист за БЗР и ЗРО која ја образложи примената на законската регулатива и М-р Никола Димковски - Регионална Комора Битола, кој го презентираше значењето на стандардите за квалитетно и интерно функционирање при освојување на странски пазари - потврда за квалитет.

          Претставниците од општина Кичево и Центар за вработување Кичево, ги истакна активностите за поддршка на бизнис секторот, и ја потенцираа постојаната заедничка соработка со компаниите за побрз пристап до услугите.

          При дискусијата за темата се заклучи дека е потребно да се одржуваат средби согласно потребите и предлозите на членките со институциите и бизнисот за економскиот развој.